Битиќи апелира: Ќе има помош за фирмите за исплата на февруарски плати


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Законот во Собранието е ставен за гласање на 23ти месецов, но огромниот број на поднесени амандмани од Алтернатива и Алијанса го ставаат под знак прашалник неговото изгласување и носење пред истекот на месец март, сепак Битиќи смета дека до крајот на месецов ќе се донесат законските решенија.

„Февруари ќе биде покриен со плати, а за другото одговорoт треба да го дадат пратениците во Собранието. Јас знам како би постапил да сум на нивно место. Мислам дека тоа е научена лекција. Време за политика ќе има кога ќе живееме малку подобро, без притисок на здравствената криза. Затоа сметам дека за една недела или десет дена законите ќе бидат донесени и помошта ќе стигне до сите на кои им е потребна.“ изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања

Во Собрание освен финансиската помош за плати, ред чекаат уште неколку закони од 4тиот и 10 од петтиот пакет. Чија е одговорноста за заглавените закони, власта и опозицијата секојдневно си ја префрлаат топката. Од ВМРО-ДПМНЕ вчера најавија поддршка за мерките, но според нив загрижувачки е фактот што повеќе од еден месец Талат Џафери воопшто не ги става на дневен ред за гласање.

Во меѓувреме од текстилната индустрија веќе стигнаа првите најави за нов бран отпуштања доколку помошта задоцни.