„Бисерот“ на Валенсија пред трансфер во Реал Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


12-кратниот европски шампион Реал Мадрид е многу блиску до финализирање на трансферпот на големиот талент на Валенсија, Рафа Мир, пренесуваат шпанските медиуми.

„Марка“ пренесува дека 20-годишниот фудбалер денес пристигнал во Мадрид и од следната година официјанлно ќе стане играч на „кралскиот“ клуб.

Меѓутоа, Рафа Мир нема да се бори за место во првиот тим, туку ќе биде испратен до крајот на сезоната во Б тимот на Реал, Кастиља. Инаку, тој оваа сезона постигна 15 гола на 17 меча за Валенсија Б и така го привлече вниманието на „кралскиот“ клуб.

Младиот напаѓач имаше официјално деби за Валенсија во 2015 година и има два настапи во Примера.