Home Живот и здравје „БиоНТек“ најави дека ќе ги испорача ветените вакцини

„БиоНТек“ најави дека ќе ги испорача ветените вакцини

Германската лабораторија „БиоНТек“ објави дека ќе ја забрза испораката на вакцини за коронавирус во Европската унија и вети 75 милиони дополнителни дози во вториот квартал од годината.

Според најавите испораките ќе се зголемат од недела, 15 февруари.

Целта е да се испорача количината за која се обврзаа во првиот квартал, како и „до 75 милиони дополнителни дози за ЕУ во вториот квартал“, според постојните договори, се наведува во соопштението потпишано од финансискиот директор на „Бионтек“, Сиерко Петинг.

Изјавата е објавена пред состанокот на германската канцеларка Ангела Меркел со регионални претставници за вакцини против коронавирус.

Претходно денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Твитер објави дека „Астра Зенека“ ќе испорача уште 9 милиони дози вакцини против ковид-19 во првиот квартал од годинава или вкупно уште 40 милиони дози.

Испораките се очекува да бидат една недела порано од предвиденото.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

7 најубави цитати за бракот

7 најдобри цитати за бракот Најдобрите цитати за бракот се оние што ја истакнуваат реалнос…