Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Култниот хит на „кралот на поп-музиката“ Мајкл Џексон, Billie Jean, надмина 1 милијарда прегледи на YouTube.
Објавен во 1983 година на „MTV“, спотот во режија на Стив Барон во кој Џексон со својот танц го осветлува тротоарот по кој шета, оваа година просечно имал по 600.000 прегледи на ден.
Од музичарите од 80-те, границата од милијарда прегледи ја имаат поминато само „Guns N ‘Roses“ со „Sweet Child O’Mine“ од 1988 година и групата „А-ha“ со „Take On Me“ од 1984 година.
Спотот за песната „Billie Jean“, која ја напиша Џексон, а ја продуцираше славниот Квинси Џонс, и наградена со две Греми награди и со две Американски музички награди, е меѓу најдобрите спотови на сите времиња. Се најде на првиот албум на Џексон „Трилер“ кој 20 години беше најпродаван албум на сите времиња.