Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Раководството на Штутгарт после седум порази во последните осум кола го откушити тренерот Хенес Волф и тргна во потрага по негова замена.
Меѓу главните кандидати за негов наследник е Славен Билиќ, кој моментално е слободен после отказот кој го доби во Вест Хем.
Билиќ ја познава Бундес лигата бидејќи таму помина три години како играч на Карлсруе.
Штутгарт го очекува жестока борба за опстанок бидејќи се наоѓа само три бода од зоната за испаѓање.
Германскиот весник „Билд“ пренесува дека Штутгарт започнал преговори со хрватскиот стратег кој порача дека е спремен за нови предизвици.