Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалската федерација на Македонија денеска официјално објави дека влезниците за натпреварот од квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година против Израел се пуштени во продажба.
Федерацијата повторно се одлучи за популарна цена, па фановите ќе можат да го гледаат натпреварот за само 150 денари.
Последниот квалификациски натпревар од овој циклус избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе го играат на 19 ноември со почеток од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.