Билатерална средба на Заев и Меркел


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Премиерот Зоран Заев во Трст имаше билатерална средба со канцеларката на Германија, Ангела Меркел. Германската канцеларка Меркел изрази голема поддршка за новата Влада на Македонија, за одлучноста на Владата за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ.

„Владата е одлучна да ги спроведе потребните реформи и да ја осигура евроатлантската иднина на Македонија, а со тоа и квалитетен живот за граѓаните”, рече премиерот Заев.

Канцеларката Меркел најави поддршка од Република Германија во реформскиот и евроатлантскиот интеграциски процес.

Изразена е заедничка определба да продолжи со уште поголем интензитет соработката помеѓу Македонија и Германија во области важни за граѓаните на двете земји.