Била вознемирена: Еве како санкциите врз Русија ја „погодија“ Елизавета Пескова – ќерката на портпаролот на Путин


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


24-годишната Елизавета Пескова, ќерка на портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, минатиот месец објави InstaStory спротивставувајќи се на војната во Украина, но објавата набрзо беше избришана.

Инфлуенсерката сега зборуваше за Insider за тоа што навистина мисли за руската инвазија и санкциите наметнати на нејзината земја.

„За мене воведувањето санкции е целосно неправедно и неосновано“, рече таа. „Бев навистина изненадена бидејќи мислам дека е чудно да се воведат санкции за некој кој има 24 години и нема никаква врска со ситуацијата.

„Тоа нема да влијае врз мене финансиски, но го почувствував влијанието на пошироките санкции и изолацијата на земјата од глобалниот финансиски систем. Тоа значи дека нема да има повеќе патувања во места како Њујорк. Вознемирена сум затоа што сакам да патувам и сакам различни култури“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizaveta Dmitrievna (@lisa_peskova)

Елизабет вели дека иако е многу приврзана за својот татко, таа не е како него.

„Јас не сум одговорна за руската инвазија на Украина“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizaveta Dmitrievna (@lisa_peskova)

На денот на нападот, инфлуенсерката ја критикуваше нејзината влада во избришаното видео на Инстаграм, но сега тврди дека не сакала да именува никого поради ситуацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizaveta Dmitrievna (@lisa_peskova)

„Јас сум за мир, не само во Украина, туку и во целиот свет“, рече таа. „Нема да зборувам за ситуацијата што се случува. Можам да зборувам само за санкциите и можам само да кажам што чувствувам и што мислам за тоа.

„Луѓето мислат дека санкциите ќе влијаат на Русите, но тоа е заблуда. Западните земји не разбираат како функционира рускиот систем“, заклучила таа.