Бил Гејтс тврди: Стив Џобс им правеше магија на луѓето и така го спаси Apple


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Основачот и прв човек на технолошкиот гигант Microsoft, милијардерот Бил Гејтс, во интервју за CNN изјави дека починатиот Стив Џобс беше маѓепсник кој „им правеше магии на луѓето“ за да му помогне на Apple да остане на површината на технолошкиот пазар во текот на најцрните денови на компанијата.

Џобс и Гејтс се познати како тврдокорни менаџерски лидери кои негуваат интензивна култура на работата.

Гејтс истакна дека луѓето често ги елиминираат негативните елементи на личноста на основачот на Apple, но Џобс бил и единствен лидер кој во периодот кога бил блиску до смртта го доведе Епл на пиедестал на највредна компанија на светот.

Apple, имено, беше на раб на банкрот кога Џобс се врати во компанијата кон крајот на 90-те години од минатиот век.

„Заедно со својата цврстина тој донесе некои неверојатно позитивни работи“, истакна Гејтс.

Еден од најбогатите луѓе на светот нагласи дека Џобс знаел да ги маѓепса своите вработени и клиенти кога ќе се соочел со некаков проблем, бидејќи умеел „во сè да види волшепство“.

Џобс почина во 2011 година, неколку месеци откако поднесе оставка во компанијата Епл поради компликации од рак на панкреасот.