Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На Конференцијата во Минхен, Гејтс објасни дека омикрон дејствува како еден тип на вакцина, која создава и Б и Т клетки, и „за жал заврши подобра работа од нас во опфаќање на светската популација отколку ние со вакцините.“
„Ако собереш статистики од африканските држави, ќе добиеш дека над 80% од луѓето биле или вакцинирани или изложени на разни варијанти на вирусот.
А тоа значи дека веројатноста за сериозно заболување, кое главно е поврзано со возраст, дебелина или дијабетес, тој ризик сега е драматично намален затоа што биле заразени.
Тажно е што не завршивме добра работа со лековите. Имаме добар лек. За вакцините ни требаа 2 години за да имаме преголема залиха. Следен пат треба да направиме тоа да биде 6 месеци наместо 2 години,“ објаснува Гејтс од сцената во Минхен.
Околу иднината тој предвидува дека секако ќе има нова пандемија која ќе се базира на поразличен патоген. Неговото очекување е да има „рационална реакција“ и таа да биде „фатена на време, а не како сега.“
„Ако секоја држава го направи тоа што го направи Австралија, тогаш немаше да ја викаме пандемија,“ порачал Гејтс.