Бил Гејтс како „таен“ Дедо Мраз


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Корисничка на платформата „Редит“ која таму е позната како Шелби, пријатно се изненади кога дозна дека „тајниот“ Дедо Мраз на таа платформа, односно таен донатор е лично Бил Гејтс.

Корисничката, позната како Шелби, го опиша своето искуство во долга објава во која се наведува сè што Бил Гејтс ја испратил на нејзината домашна адреса. Пакетот за подароци што тој и го испратил тежел повеќе од 36 килограми и не влегувал ниту во нејзиниот , ниту во автомобилот на нејзиниот сопруг.

Подарокот вклучувал, меѓу другото, копија од книгата Големиот Гетсби, неколку сувенири од серијата Твин Пикс, но и играчки за нејзината мачка. Сепак, она што најмногу ја израдувало Шелби е донацијата за Американското здружение за срцеви болни, заедница за кардиоваскуларни истражувања. Гејтс ја донирал донацијата во чест на мајката на Шелби, која починала во март оваа година.

„Ми значи повеќе отколку што можам да опишам со зборови“, напиша Шелби во нејзиниот пост, додавајќи дека Божиќ е особено тешко време за неа годинава, токму поради смртта на нејзината мајка.

Гејтс учествува во ова симпатично дарување на подароци организирано од корисниците на Reddit секоја година, а тој и претходните години дарувал подароци на непознати корисници на оваа мрежа.