Бил Гејтс ја почести ќерката за дипломирањето со подарок од 16 милиони долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бил Гејтс потроши речиси 16 милиони долари за изнендувањето кое го приреди за неговата ќерка по повод нејзиното дипломирање.

Џенифер Гејтс моментално студира на Стенфорд, но после дипломирањето планира да се посвети на натпреварите во јавање и јавачки спортови на највисоко ниво. За таа цел, тато Бил ја почести со имто на кој Џенифер ќе може непречено да го вежба она што пасионирано го сака – јавањето коњи.

Фармата со коњи во Норт Салем која грижливот татко ја купи за својата ќерка не е прв подарок од таков вид. Пред четири години Гејтс потроши 18 милиони долари на ранч за ранч во Сан Диего, кој го купи од фитнес инструкторката Џени Крег.

Гејтс ја опишува ќерка си како една од најталентираните јавачки помлади од 25 години. Џенифер се натпреварува за тимот Evergate Stables, кој беше формиран за неа.