Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога добила поклон на кој стоела порака од Бил Гејтс, корисничката на Реддит мислела дека е шега. Но шефот на Мајкрософт се сликал со поклонот, што ги тргна сите сомнежи дека е шега.
„Што да направите кога Бил Гејтс за Божиќ ќе ви поклони огромна плишана мачка?“, не е секојдневно прашање. Една корисничка на Реддит беше таа среќничка оваа година.
Шефот на Мајкрософт, е „Сикрет Санта“ и секоја година наградува по еден корисник на Реддит. Па така не разочара и овој пат. Кога разбрал дека корисничката обожава мачки, и ја испратил најголемата плишана мачка која можел да ја најде.
Се сликал со поклонот, со цел да го докаже легитимитетот на изворот.
„Најдобар дел?“, напишала на Реддит откако ја добила испораката. „Во текот на работната недела пиев кафе и пишував досадни електронски пошти, а Бил Гејтс некаде се сликал со плишаната мачка и ми напишал белешка за мачките.“