Бил Гејтс апелира: Мојата фондација отсега ќе се занимава само со коронавирусот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, апелираше дека неговата фондација, која ја води заедно со сопругата Мелинда, а која досега најмногу се занимаваше со ХИВ, маларија и детска парализа, ќе се фокусира на проблемот со коронавирусот.

„Ние ќе ги пренасочиме сите наши ресурси за да се бориме против пандемијата на коронавирус“, изјави американскиот мултимилионер Бил Гејтс, коосновач на „Мајкрософт“, за „Фајненшл тајмс“.

Неговата фондација управува со повеќе од 40 милијарди долари и досега инвестираше 250 милиони долари за пронаоѓање на вакцини, дијагностички апарати и помош на африканските и јужноазиските земји.

„Некои бизниси што не се однесуваат на здравството, како што се образованието и училиштата, се пренасочија со цел да најдат начин да ја подобрат онлајн наставата. Поради пандемијата, глобалната економија ќе претрпи загуба од десетици милијарди долари и ќе закрепнува со години“,рече Гејтс.

Во Америка, бројот на заразени лица е близу еден милион, во моментов изнесува 988.000 пациенти со новиот вирус. Гејтс ја коментираше и одлуката на Трамп да престане да ја финансира Светската здравствена организација (СЗО) во текот на пандемијата, што многу здравствени експерти го означија како скандалозен потег, да престане да ја финансира организацијата која се бори против пандемија среде пандемијата.

„Ова е многу опасно, СЗО е важна институција и ние треба да ја поддржиме, а не да и ги укинуваме средствата. Мислам дека по темелна анализа ќе сфатат дека треба да им се дадат повеќе, а не помалку пари“, рече Гејтс.