Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Брајон Виднер станал скинхед кога имал само 14 години, а само пет години подоцна никој не се осмелувал ни да му се приближи поради неговото лице исполнето со тетоважи.
Кога Брајон на прагот на триесеттите години од животот ја запознал Џули, одлучил на целокупниот негов претходен стил на живот и убедувања да стави крај и со неа да започне заеднички живот. Но, тогаш за него почнал вистинскиот пекол. Според неговата животна приказна е снимен филмот „Skin“.
На бандата скинхеди им се придружил после смртта на неговата мајка, како што сведочи самиот. Целта му била да го импресионира некој негов роднина.
„Имав член на семејството кој беше скинхед и сакав да го импресионирам. Во тоа време редовно бегаше од дома и живееше на улица, па за мене тоа беше природен развој на нештата“, раскажа во едно интервју Брајон.
Отприлика во тоа време почнал да си тетовира расистички и нацистички симболи по телото и лицето, како и знаци на припадност на бандата.
„Често ме рануваа во тепачки, а на 19 години уживав во фактот дека сите се плашеа од мене поради моето лице. Никогаш никого не сум мразел. Вистината е дека се мразев самиот себе. Насилството кон другите беше само проекција. Автодеструктивен клинец кој се мрази себеси лесно е да го убедиш дека малцинските и маргинални групи се виновни за сите негови проблеми“, раскажува Виднер.
Неговите животни ставови почнале да се менуваат кога ја запознал Џули. Тогаш имал 27 години и бил на врвот од неговата озлогласеност.
Џули ја запознал на еден концерт, а неколку дена подоцна, кога се вратил дрво пијан дом, ја побарал и така почнале разговор во кој тој признал дека сака да се извлече од бандата и таквиот начин на живот, но не знае како.
Tonight, after the Dr. Drew show. Hope you had the time to watch it! pic.twitter.com/GJeN2gz
— Bryon & Julie Widner (@ErasingHate) August 8, 2012
Заедно, со нејзините три деца, се преселиле на другиот крај од државата и одлучиле да започнат нов живот. Но, тогаш за нив почнал вистинскиот пекол.
„Секојдневно ни ѕвонеа на телефон и ни се закануваа со смрт. Тоа траеше две години, постојано живеевме во страв“, признава Брајон.
Освен тоа, колку и да била искрена неговата желба да се промени, Брајон и натаму имал лице исполнето со нацистички симболи, поради што сите се плашеле од него и не можел да најде работа.
„Бев очаен. Тешко е кога не можеш да побегнеш од сопствената кожа. Бев спремен да си го изгорам лицето со киселина“, раскажува тој.
Џули во еден момент се обратила до Дерил Ламонт Џенкинс, црнец кој ја водел групата One People’s Project, активисти кои се бореле против неонацизмот. Тој ја упатил на организацијата Southern Poverty Law Center, која би можела да им помогне да најдат спонзори за отстранување на тетоважите.
Успеале да најдат донорка која му дала 35.000 долари за операции, но морал да почне да оди на советување и да вети дека ќе се едуцира. Брајон се согласил на тоа.
Морал да се подложи на вкупно 25 операции во 16 месеци, а процесот бил исклучително болен.
„Беше ужасно, но издржав. Си реков дека тоа ми е казна бидејќи на многу луѓе сум им предизвикал многу болка. Си објаснив себеси дека тоа е казна која морам да ја поднесам. Не можам да го променам своето минато, но можам да се обидам да возвратам со добро“, заклучува Виднер.
Денес Џули и Брајон живеат мирен семеен живот, а филмот „Skin“ кој е снимен според нивната животна приказна, моментално се прикажува во американските кина.