Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако на светот „му ги претстави“ своите близнаци и ги потврди нивните имиња, Бијонсе на Инстаграм покажа дека нејзината телесна форма ја врати во топ издание после породувањето, изгледајќи како воопшто да не родила, а не пак да родила близнаци.
Но, покрај комплиментите кои ги доби за својот изглед, 35-годишната дива некои ја критикуѕваа поради еден друг „детал“ на фотографиите. Имено, критики заработи за изоставањето на сопругот од фотографиите со близнаците, односно изоставањето на Џеј-Зи од сите фотографии кои се поврзани со нејзината бременост.
Упатените сметаат дека изоставањето на таткото од фотографиите говори многу за културолошкиот концепт за мајчинството во кое таткото е „занемарен“, а кој во општеството е прифатен без преиспитување.
Џеј-Зи уште не кажал ни збор за раѓањето на близнаците Руми и Сира Картер.