Славни

Бијонсе прави радикална промена и ги повикува обожавателите да ѝ се придружат

Поп и R’n’B дивата Бијонсе прави радикални промени во нејзиниот животен стил поврзани со начинот на исхрана.

Таа почна да се подготвува за овогодинешното издание на престижниот фестивал Coachella, па покрај секојдневните тренинзи, одлучи да се префрли и на веганска исхрана, а во тоа ги повикува да ја следат и нејзините фанови.

Со фотка на Инстаграм со која го најави своето префрлање на веганска храна, таа откри дека ќе посвети дополнително внимание на својот изглед. Покрај тоа што здраво и правилно се храни, Бијонсе и секојдневно тренира, а тие тренинзи дополнително ги интензивираше после второто породување.

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

„44 дена до Coachella!! Време е за веганска исхрана! Кликнете на линкот од мојата биографија за да ми се придружите“, напиша Бијонсе на Инстаграм. Пејачката сподели „планер“ за исхрана кој можат да го користат сите кои сакаат да ја следат во нејзината промена на исхраната.

За потсетување, минатата година Бијонсе не можеше да настапи на Coachella поради бременоста. Тогаш ја замени Лејди Гага, а Бијонсе вети дека ќе се врати на фестивалот оваа година.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top