Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Војвотката Меган Маркл во последно време растура со освојување на насловните страници од шоубизнис списанијата. Нејзиниот датум за пораѓање се ближи, а многу од нејзините колеги ја покажуваат својата креативност со уникатни честитки до идната мајка пред раѓањето на новото кралско бебе.
Во таа листа на славни фаци кои упатија пораки до Меган се и Бијонсе и Џеј Зи. Тие снимија видео за таа пригода, пропратено со писмо до Маркл.
Бијонсе во писмото Меган ја нарекува „Melanated Mona“. Тоа е референца на видеото кое е објавено на Инстаграм. Бијонсе и Џеј Зи на него позираат пред слика од Маркл во поза на Мона Лиза.
Бијонсе уште пред неколку години ја пофали Меган за нејзините хуманитарни ангажмани. Акцентот го стави на фактот дека Маркл се занимавала со хуманитарна дејност уште пред да го запознае принцот Хари. Истото го повторува и во ова писмо.
View this post on Instagram
Пофалби за Меган
„Денес пишуваме во чест на Меган Маркл, почестени сме поради тоа. Нејзината кариера на филм и на ТВ е нешто што таа го искористи на најдобар можен начин. Работеше во хуманитарни цели многу години пред да стане војвотка од Сасекс. Како светска амбасадорка за World Vision, патуваше во Руанда каде следеше како пристапот до чиста и здрава вода ги менува децата таму. Исто така, таа ја посети и поддржа финдацијата Myna Mahila, организација која помага во решавањето на голем број предизвици поврзани со менструацијата со кои тамошните жени и девојки секојдневно се соочуваат“, напиша Бијонсе.
Во писмото таа споменува и како Меган станала дел од кралското семејство, ставајќи акцент на фактот дека таа спаѓа во многу малиот број на жени со темен тен кои станале дел од ова семејство.
„Меган со себе донесе многу од традицијата на нашите луѓе“, напиша Бијонсе, имплицирајќи на традицијата на темнокожиот народ.
Писмото го заврши со честитка, посакувајќи му на кралскиот пар многу среќа во нивните идни семејни патешествија.