Бијонсе нешто се жали


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во интервју кое го даде за Harper’s Bazaar, планетарно популарната пејачка Бијонсе зборувала за нејзината работа и успехот низ годините. Меѓу другото, таа рече дека отсекогаш се борела да ја заштити својата приватност бидејќи квалитетот на нејзиниот живот зависел од тоа.

„Воздржана сум, освен за луѓето што ги сакам и им верувам. Оние кои не ме познаваат и никогаш не ме сретнале, би можеле да ме сфатат како прилично затворена личност”, рекла Бијонсе, според NBC News.

„Во овој бизнис толку многу од твојот живот не ти припаѓа, освен ако не се бориш за него. Верувајте ми, причината што луѓето не гледаат одредени работи за мене е тоа што Девицата во мене не сака тие да го видат тоа, не затоа што не постои. “, додаде пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Таа рече дека во нејзината кариера, најголем предизвик било родителството.

„Мислам дека, како и многу жени, чувствував притисок да бидам ‘рбетот на моето семејство и мојата компанија и не сфатив колку тоа влијае на мојата ментална и физичка благосостојба. Не си давав секогаш приоритет“, рекла Бијонсе.

„Се борам со несоница повеќе од половина живот поради турнеите. Тука се и годините на губење мускули поради танцување во потпетици. Исто така, стрес на косата и кожата, од спрејови и бои, топлина на виткачите и носење тешка шминка додека се потите на сцената … “, додаде таа.

На крајот, таа рече дека се обидува да биде опкружена со луѓе кои се искрени и од кои може да научи нешто. Таа вели дека ја наследила упорноста од нејзините родители кои работеле напорно.

Уште во 2006 година, Бијонсе открила во интервју за списанието Parade дека била во тешка депресија откако нејзиниот бенд Destiny’s Child се распаднал. Таа рекла дека не ја напуштала својата соба, не јадела и дека била многу осамена. Таа тогаш се прашувала која е всушност, кои се нејзините пријатели и размислувала колку нејзиниот живот се променил. Бијонсе додава дека во исто време раскинала со момчето со кое била во врска со години и се плашела дека повторно нема да најде љубов.

Пред три години, таа изјавила дека во текот на нејзината кариера била на бројни, непотребни диети, а нејзиниот фокус бил на физичкиот изглед.

„Не јадев леб, јаглехидрати, шеќери, млечни производи, месо, риба и не консумирав алкохол. Бев гладна“, изјавила Бијонсе за медиумите.