
БИЈОНСЕ И ЏЕЈ-ЗИ РАЗГЛЕДУВААТ ТУЖБА ПРОТИВ КАНЈЕ ВЕСТ ПОРАДИ СКАНДАЛОЗНИТЕ ИЗЈАВИ ЗА НИВНИТЕ ДЕЦА
Музичките ѕвезди Бијонсе и Џеј-Зи се затечени и длабоко шокирани од непримерените коментари што Канје Вест ги објави на мрежата Икс (поранешен Твитер), насочени кон нивните седумгодишни близнаци, Руми и Сир.
Според извори блиски на парот, Бијонсе и Џеј-Зи немаат намера да го премолчат инцидентот и сериозно размислуваат за правни чекори. „Свесни се за неговите објави, кои потоа беа избришани, но сè уште размислуваат дали ќе постапат приватно или ќе побараат правна сатисфакција,“ открива нивен близок соработник.
ПРЕКРШЕНА Е ГРАНИЦАТА
Во спорните објави, кои Канје првично ги избриша, па повторно ги качи, тој изнесе навредливи и вулгарни коментари за менталните способности на децата на славниот пар. Наскоро потоа, повторно ги отстрани содржините, но јасно стави до знаење дека тоа не го направил од почит.
Изјавите на Канје не ги потресоа само Бијонсе и Џеј-Зи – исто така ја вознемирија и неговата поранешна сопруга, Ким Кардашијан, која изрази гадење од ваквиот чин. Близок извор потврдува дека Ким е веќе презаситена и дека не се обидува повеќе да биде рационална кога станува збор за испадите на Вест. „Таа смета дека, без оглед на конфликтот што го има со Бијонсе и Џеј-Зи, децата не треба да бидат вовлечени во вакви нешта.“
ДАЛИ БИЈОНСЕ И ЏЕЈ-ЗИ ЌЕ УДРАТ НАЗАД?
До овој момент, парот јавно не ја коментирал ситуацијата, но извори нагласуваат дека инцидентот нема да го преминат така лесно. Доколку се решат за тужба, тоа може да значи уште еден сериозен удар за Канје, кој и онака веќе се соочува со низа контроверзии и предизвици во својата кариера.