„Bigger“ – инспиративна драма за развојот на бодибилдингот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Објавен е првиот трејлер за филмската драма „Bigger“ која ја пренесува инспиративната приказна за развојот на бодибилдингот.

Филмското остварување на Џорџ Гало ги следи Џо и Бен Вејдер, основачите на најпознатото бодибилдинг натпреварување – „Mr. Olympia“.

Соочувајќи се со антисемитизмот и екстремната сиромаштија, браќата Вејдер успеаја да изградат империја и да ги инспирираат и мотивираат идните генерации. Тие подоцна основаа и голем број компании за производство на опрема и суплементи и се најзаслужни за тоа што бодибилдингот денес е толку популарен и распространет.

Џо Вејдер во филмот го глуми Тајлер Хеклин, а Анеорин Бернард ја има улогата на Бен Вејдер. Џулиен Хаф ја игра улогата на сопругата од Џо Вејдер. Покрај нив, во филмот ќе ги гледаме и Кевин Дуранд, Колтон Хејнс, Викторија Џастис, Ди Џеј Квалис, Макс Мартин и многу други.

Во филмот ќе биде прикажан и своевремениот петкратен освојувач на „Mr. Olympia“, Арнолд Шварценегер, кој ќе го глуми Калум фон Могер.

„Bigger“ премиерното прикажување ќе го има на 12 октомври оваа година, после кое почнува и светската премиера.