Бидете сами: По цена на сингл статус, одберете го за себе најдобриот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Не влегувајте во врска се додека не најдете некој кој ќе направи се за да бидете среќни, кој ќе ги земе предвид вашите потреби и чувства и кому ќе бидете приоритет.

Сака да ве претстави на сите

Подобро не влегувајте во врска додека не го пронајдете оној кој ќе ве држи за рака и ќе ве бакне во јавност и ќе ве запознае со родителите пред да помисли да спие со вас. Оној кој вас навистина ве почитува ќе зборува за вас како најдобра работа која му се случила.

Не сака да ве промени

Бидете сами додека не се појави оној кој нема да се обидува да ве промени, на кој ќе му се допаѓате и со долга и со кратка коса, на чиј одговор во допишувањето нема да морате да чекате два часа и оној кој секогаш ќе биде искрен.

Нуди сигурност

Личноста со која нема да се чувствувате несигурно и кој ќе ве заштити е вреден за вашето внимание. Важно е да се чувствувате сигурно покрај некој бидејќи та значи дека нема психолошка игрица поради која нема да бидете сигурни во намерите на таа личност.

Чувството на пеперутки во целото тело, а не само во стомакот

Биди со онаа личност која ќе те собори, но во вистинска смисла. Заљубеноста може да биде минлива, но биди со оној кој ќе предизвика чувство на пеперутки во целото тело, а не само во стомакот. Исто така, важно е покрај него да се чувствувате најубаво дури и во вашето најлошо издание.

Први сте на листата приоритети

Бидете сами се додека не запознаете некој без кого нема да можете да го замислите својот живот и не го трошете своето време на оние кои не го заслужуваат. Некој кој е навистина вреден за вашето внимание ќе направи се да бидете негов приоритет и прва на неговиот „распоред“.