Бидете реални: Не очекувајте порно секс да ви се случи во реалноста


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Неколку факти и непобитни вистини за порнографските филмови треба да ве потсетат (ако сте подзаборавиле) или да ве освестат дека порнографскиот секс ни приближно не е она што треба по секоја цена да го очекувате во реалноста (не дека не може да ви се случи, ама шансите се многу мали).

Најголемиот дел од порнографските производи се создадени за машкaта популација и затоа ги покажуваат машките фантазии. Исто така во порнографските видеа, најчесто никој не носи кондом.

Притоа, актерите во порнографските филмови обично имаат поголеми мускули и пенис, додека актерките се многу послаби и имаат поголеми гради на кои обично имаат хируршки интервенции.

Важно е да се запомни дека сексот во порнографските филмови не е како реалниот секс. Тој може да претставува одредена слика како бајка за која може да фантазирате, но не очекувајте тоа секогаш да ви се случи и во реалноста.

Негативната страна на порнографијата е што од неа може да се стане зависен. Дури може да почне да влијае негативно врз вашиот сексуален живот, посебно тогаш кога почнувате да уживате повеќе гледајќи порнографија отколку во самиот секс.

Ако забележувате дека ви се раѓа желба да гледате повеќе и разни типови на порнографија, време е да престанете.