Безусловна љубов: 103-годишна навивачка на Бристол не пропуштила натпревар од 1954 година!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сигурно се прашувате дали постои љубов која што трае вечно. Откако ќе ја запознаете историјата на Кити Торн, ќе добиете одговор.

Кити е голем навивач на Бристол Роверс уште од дете. Таа е родена далечната 1915 година и набрзо се вљубува во боите на Бристол. Од 1954 година до сега не пропуштила ни еден натпревар на саканиот тим, како дома така и на гостувањата.

Жената поради таа причина направила повеќе од 130.000 километри патувајќи со тимот на секое гостување. Кити е многу популарна во Англија благодарение на тоа што е највозрасен фан на Бристол.

„Запознав многу луѓе на направив многу пријателства покрај фудбалот. Поради тоа е убаво да одиш на стадион. Многу жалам што денес фановите претпочитаат да гледаат натпревари на ТВ“, коментира Кити.

Откако Кити навива за Бристол таа ја видела смената на вкупно 25 менаџери. И покрај длабоката старост таа продолжува да го следи својот омилен тим кој игра во третата англиска лига.