Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Од вчера, официјално и формално, францускиот моден магнат Бернард Арно статистички е најбогатиот човек на светот. Арно го престигна сопственикот на Амазон, Џеф Безос, на врвот на листата на финансиски најмоќни луѓе во светот.
Списанието „Форбс” го проценува богатството на Арно на 186,3 милијарди долари, што е за 300 милиони долари повеќе отколку што има Безос.
Промената на врвот се случи откако богатството на Арно, кој беше „тежок” 76 милијарди долари во март минатата година, скокна за 110 милијарди долари благодарение на деловната активност на неговата „Луј Витон Груп” (ЛВМХ), чии членови се „Фенди”, „Кристијан Диор”, „Живанши”.
Вредноста на ЛВМХ се зголеми за 0,4 проценти во текот на утринските часови, со што Арно заработи 600 милиони долари, а групата 320 милиони долари.
На трето место е сопственикот на Тесла, Илон Маск, чие богатство се проценува на 147,3 милијарди долари.