Безос плати 42 милиони долари за изградба на саат кој ќе трае 10.000 години


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Започна изработката на механичкиот саат во кој основачот на Amazon, американскиот мултимилијардер Џеф Безос вложи 42 милиони долари.

Експертите предвидуваат дека овој џамбо часовник кој ќе биде лоциран на планина во Тексас ќе трае 10.000 години. Оригиналната идеја за изградба на саат со милениумски рок на траење потекнува од американскиот иноватор Дени Хилис.

Тој, во 1995 година, предложи изградба на ваков часовник како симбол на долгорочната иднина на човештвото и планетата Земја. Неговата идеја прерасна во проект на Long Now фондацијата во чија изработка учествуваше и самиот Хилис.

Тим од експерти досега успеа да изработи неколку прототипа на часовникот, но саатот чија изградба ја финансира Безос, во суштина, ќе биде првиот кој ќе биде функционален. Искусни часовничари во изминатите неколку години ги изработуваа составните делови од овој саат, додека градежниците бушеа карпи во Тексас кои ќе ги чуваат сите компоненти од саатот.

Безос на својот Твитер профил објави дека инсталирањето на деловите од саатот започнало на висина од 152 метри.

Заинтересираните туристи и посетители ќе можат да го видат овој часовник во Тексас кога ќе биде целосно изграден. Но, проблем е што најблискиот аеродром од саатот е оддалечен неколку часа возење, додека патеката до самиот саат е речиси непроодна. Така што, доколку милениумскиот часовник стане туристичка атракција, Безос може да се спрема за нови инвестиции во инфраструктура.