Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Најбогатиот човек во светот и основач на Амазон, Џеф Безос, после 27 години директорување во споменатата компанија за онлајн трговија, денеска ќе се повлече од функцијата генерален директор на платформата.
Tој заминвањето од функцијата ја најави во февруари, со цел да му се посвети на вселенската компанија „Блу ориџин”. Безос планира да задржи сопственички удел од 10,3 проценти во компанијата, како и местотo извршен претседател на управниот одбор на Амазон.
Безос планира да се придружи на екипажот на првиот патнички лет во Вселената, што е закажан на 20 јули, на годишнината на слетувањето на Аполо 11 на Месечината во 1969 година.
Имотот на Безос се проценува на околу 189 милијарди долари, со што се наоѓа на прво место на Форбс на најбогати луѓе во светот.
Амозаон во 90-тите години од минатиот век почна да работи како онлајн книжарница, а во изминатите 25 години стана една од највредните компании во светот, чија вредност се проценува на 1,7 билиони долари.