Безобразно богата: Се бања во златна када и ја служат 50 луѓе


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ќерката на Формула 1 могулот Берни Еклстон, 33-годишната Тамара Еклстон, дозволи камерите да влезат во нејзината луксузна вила и да го посведочат раскошот во кој ужива нејзиното семејство.

Во шоуто Tamara’s World таа открива дека со нејзиниот сопруг, контроверзниот банкар Џеј Ратленд, имаат дури 50 вработени луѓе како персонал во вилата вредна речиси 80 милиони евра.

Тамара најмногу обожава да ужива во својата златна када, која како и остатокот од куќата, мора да биде совршено чиста, но за тоа има кој да се грижи во нејзино име.

Нејзината ќерка Софи ужива во својата соба за играње, со голема куќарка за кукли и коњчиња за нишање, а во вилата се наоѓа и ледена палата.

Тамара не се ни труди да ги координира своите договори и обврски, за тоа се грижат нејзините вработени. Тие запишуваат кога треба да оди на фризер, на пилатес и маникир, внимавајќи да не се поклопуваат термините.