„Без туркање, да помини Фичото“ – коронавирус акција во Битола


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Битолчани на креативен начин се предупредуваат на почитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот и држење на неопходно меѓусебно растојание преку акција организирана од организацијата Инфо акција.

„Акцијата својата инспирација ја црпи од анегдота од веселите периоди на 70-тите и 80-тите години, кога што и да се правело/градело/поставувало, требало да се остави доволно простор колку да може да помине фичо. Случајно или не просторот потребен за да помине едно фичо е околу 2 метра, што всушност е и препорачаното растојание за спречување на ширењето на ковид-19“, информираат организаторите.

Акцијата е првенствено наменета за постарите генерации коишто се најосетливи на вирусот, а сепак многу често забораваат да го почитуваат препорачаното растојание од 2 метри. Организаторите се надеваат дека жолтите фичовци ќе ги потсетат битолчани посовесно да одржуваат растојание, барем онолку колку да помине фичо меѓу нив.
Покрај силуетите од фичовците, во рамки на акцијата се направени и поголеми количини налепници кои потсетуваат на потребата за одржување растојание, како и на генералните препораки за заштита од ковид-19.