Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Копретседателот на Македонско- бугарската комисија Драги Ѓорѓиев на прес конференција изјави дека е постигнат договор во делот на учебниците , но дека сеуште има многу за да се дојде до суштински договор.
Ѓорѓиев изјави на прес конференцијата дека не е постигнат конкретен договор за Гоце Делчев . Тој по дводневната средба на комисијата рече и дека се надева дека во иднина ќе може да се дојде до поконкретни преговори.
Бугарскиот историчар Ангел Димитров изјави дека преговорите водат политичарите , но дека сега се водела научна дискусија за историјата.
До крајот на годината ќе има уште една средба на Комисијата , најави Димитров , зашто има уште многу елементи за кои што треба да стане збор. Димитров рече и дека е направен чекор напред во врска со празнувањето на 24 мај , Денот на сесловенските просветители , празникот што Бугарија го нарече бугарски.