Актуелно

Без разгледување на амандманите од опозицијата – изгласан Законот за јазици

Со 64 гласа „за“ и без разгледување на големиот број амандмани поднесени од опозицијата, денес во Собранието на Република Македонија беше изгласан Законот за употреба на јазиците.

Во напната и тензична атмосфера заврши седницата, на која опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се приближија до претседателот на Собранието, Талат Џафери, барајќи од него да не се гласа законот.

Најжесток меѓу нив беше поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој истури вода врз масата на собранискиот спикер и цело време му го исклучуваше микрофонот. За момент беше избегната и тепачка меѓу Груевски и Џафери.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top