Без причина ги нападнал со рачка од секира


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Рано утрово околу 4.20 часот во Тетово, во бурекџилница на ул. Илинденска врз лицата Р.А.(36), А.А. (30) и З.С. (40), сите од с.Ново село, било извршено насилство од страна на А.К. (25) од Тетово.

А.К., кој во рацете носел дрвена рачка од секира, без повод и причина со истата го удрил Р.А. во пределот на главата, а А.А. и З.С. физички ги нападнал по што  побегнал во непознат правец.

Р.А. е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување лекарска помош.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.