Без нив не тргнувајте: Кога одите на патување не ги заборајвате овие ствари


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кога одиме на патување, најчесто пакуваме многу работи, кои воопшто не ги искористуваме. Секогаш имајте го на ум она непишано правило дека ако се мислите за некоја работа, значи не ви треба.

Она што е паметно да го понесете се лекови и основен прибор за прва помош, нешто кое што мора да го имате при рака.

Најважна работа ако одите во странство е да извадите пари. Можеби во местото каде што се упатувате нема да може да подигнете пари од картичката или нема веднаш да го пронајдете банкоматот кој ви е потребен.

Исто така, паметно ви е парите да ги распоредите во повеќе места, ако во случај дојдат крадци и на тој начин ќе ви украдат само дел од парите, а не сите. Не е лошо да ја известите банката дека одите на патување во странство, ако случајно нешто ви се случи, да ви ја блокираат картичката.

Она без што не можете да тргнете на пат, без оглед дали одите на две недели или два месеци е патничкото осигурување. Колку и да сметаме дека нам никогаш нема да ни се случи некоја несреќа или повреда, без разлика колку ние не го посакуваме тоа, на секому може да му се случи.

Со осигурувањето не мора да се грижите за потенцијални високи болнички трошоци, а исто така може да го осигурете и лаптопот, фотоапаратот и друга опрема. Се што ви е важно од документите на гаџетите, префрлете си ги на usb или екстерен хард-диск, за во случај да ви ги украдат.

Она што е најважно е да не планирате премногу и да оставете да ви се случат спонтани и непредвидени ситуации. Токму во тие околности се случуваат најубавите доживувања. Дружете се почесто со локалните жители, бидејќи тие ќе ви ги покажат оние места кои ги нема на Google или на мапите.