Home Вебкафе БЕЗ НИТУ МАЛКУ СОВЕСТ: Менаџерка му забранила на тригодишно момче без раце, да јаде во нејзиниот ресторан (ВИДЕО)

БЕЗ НИТУ МАЛКУ СОВЕСТ: Менаџерка му забранила на тригодишно момче без раце, да јаде во нејзиниот ресторан (ВИДЕО)

Еден ресторан во американската држава Арканзас е обвинет за дискриминација бидејќи менаџерката на истиот му збранила на тригодишно дете во него да јаде.

Тригодишниот Вилијам, кој е роден без рака, во ресторанот Ајхоп седнал на маса и со стапалата ги доближувал вафлите до својата уста и ги јадел.

Момчето без ектремитети така научил да јаде на терапија, бидејќи тоа е единствен начин на кој може да јаде.

Менаџерката на ресторанот го навредила малиот Вилијам, велејќи му да престане тоа да го прави, и дека таквиот начин на внесување на храна е нехигиенски.

„И кажав да ги праша сите останати гости дали ги измиле рацете пред да седнат да јадат“, изјави вознемирената мајка на Вилијам, Алексис Бенкрофт.

Таа, инаку, пред јадењето, на својот син ги измила нозете во тоалетот од ресторанот. По непријатниот инцидент, семејството на малиот Вилијам го напуштил ресторанот без да ја платат сметката.

Работниците во ресторанот Ајхоп, по инцидентот, се јавиле преку Фејсбук, и со извнување укажале дека се каат поради непријатното случување.

https://youtu.be/l0-ZrlVcFH4

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ичиго Ичиe – јапонска филозофија што нè учи како да ја пронајдеме среќата во секој момент од животот

ИЧИГО ИЧИЕ – ЈАПОНСКА ФИЛОЗОФИЈА КОЈА НÈ УЧИ КАКО ДА ЈА ПРОНАЈДЕМЕ СРЕЌАТА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ…