Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Криењето на физичките недостатоци не е препорака ако сакате некого да освоите. Токму таа „грешка“ која вам ви пречи, некому може да биде симпатична. Така покажа истражувањето кое го спроведе порталот OKCupid.com, следејќи онлајн профили на 4.300 жени.
Студијата покажа дека токму нескриените маани позитивно влијаат на припадниците на посилниот пол.
Момците добија задача да погледнат фотографии од дамите и да ја изберат најубавата меѓу нив.
На прво место биле исклучително убавите девојки, но затоа веднаш на второ место се најдоа оние кои на фотографиите имале некоја истакната физичка маана.
Испитаниците проценија дека тоа што не ги сокриле им зборува дека во прашање се жени со самодоверба, што е доволен афродизијак.