Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кратење на бирократската процедура и отсуство на фискализација на македонските пазари се некои од бенефитите кои за македонските пазарџии ги донесува новиот Закон за зелени пазари.
Претседателот на Трговската Комора, Екрем Долек, како позитивно во новиот закон за зелените пазари го издвојува тоа што ќе се намалат бирократските процедури за трговците. Регистрацијата на тезгите нема да оди преку централниот регистар, туку преку Трговската Комора.
„Бенефиции имаат и двете страни. Според статистиките околу 20 илјади лица во Македонија се тезгаџии, и автоматски фигурираат како вработени. Ќе бидат отстранати од регистарот на Државниот завод за вработување како невработени и ќе фигурираат како вработени. Ќе се плаќа персонален данок на државата, како и здравствен и инвалидски надоместок“, вели Долек.
Фактот што со новиот закон, пазарџиите ќе фигурираат како вработени, на некои од нив ќе им биде укината социјалната помош, вели Долек. Според него, нема да има фискализација на македонските пазари, се додека Македонија не се вклучи во ЕУ. Но за сето ова трговците на Бит пазар немаат никаква информација.
„Јас лично не сум информиран а мислам дека и другите не се информирани. Не знам каков закон е изгласан и дали имаме придобивки или штета од него“, смета Јетула Фазлиу.
„Не знаеме ништо. Немам информации дека има закон за зелените пазари. Никој не не информираше“, велат трговците.
„Не знам каков закон. Овде не се интересни законите, и да се изгласаат пак не се применуваат“, додава Наум Хајрулаху.
„Овде целиот пазар треба да се среди. Сите тезги се распаднати, се е од времето на Тито. Ставив камења долу за да стои, ногалките се расипани. Ние плаќаме, па треба да имаме услови за работа“, порача Нафи Зендели.
Законот за зелените пазари беше усвоен во Собранието на 11 јануари, а идната недела се очекува да биде објавен во Службен Весник.