Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Британската армија во декември, 1964 година, спроведе експеримент кој вклучуваше примена на LSD врз војниците без нивно знаење, за да ги види ефектите од истата, со надеж дека халуционгената супстанца ќе послужи во можна војна за онеспособување на непријателот.
Во експериментот, како што рековме без да знаат, учествуваше 41 војник од морнарицата, но снимката која ви ја пренесуваме прикажува само 17 од нив.
Научниците им рекле на војниците дека траб да изведат воена вежба во која „ќе заробат што повеќе терористи“. Првиот ден тие добивале обична вода и нормално ги извршувале задачите. Вториот ден, без нивно знаење, во водата им било ставено LSD. Кога наркотикот почнал да делува, дисциплината кај војниците попуштила и за само триесет минути војниците бесцелно скитале низ шумата и се кикотеле без очигледна причина.
Надредените веќе не можеле да ги контролираат, па дури ни да комуницираат со нив.
На еден војник, кому му било речено да исече едно дебело дрво, дошол речиси до половина од стеблото со сечење притоа користејќи ашов (лопата) убеден дека во рацете цело време држи секира.