Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Биткоин е вид на дигитални пари, крипто валута, чија популарност ширум светот од година во година рапидно расте. Она што ја прави различна од конвенционалните пари е тоа што ниту една институција не може да ја контролира нејзината мрежа, што значи дека банката не може да ги контролира вашите пари. Во април 2010 година цената на еден биткоин изнесуваше 0.003 долари, додека денес цената изнесува преку 2.500 долари.
Fortrade, за сите оние заинтересирани да научат како да тргуваат со биткоин, организира онлајн курс за тргување со биткоин (таканаречен CFD). Курсот е бесплатен и прилагоден за слободното време на секој кандидат и на него можете да се пријавите – со пополнување на пријавата автоматски отворате и бесплатна сметка за тргување на која ќе вежбате за време на курсот.
Пред повеќе од два месеци, после периодот на интензивно растење на цената, биткоин достигна симболична пресвртница надминувајќи ја цената на една унца злато. Од тогаш цената продолжи да расте, достигнувајќи 2.500 долари.
Во меѓувреме, многу држави го прогласија биткоин легален што на големо имаше позитивно влијание врз неговата цена. Во Јапонија неодамна многу трговски ланци дозволија купување со биткоин што влијаеше цената на оваа крипто валута во текот на претходниот месец да порасне за 80 насто, а Јапонија да стане најголемиот пазар на светот за биткоин. Инвеститорите очекуваат наскоро многу други држави да го имплементираат во законот и овој вид на трговија. Меѓу нив е и Австралија, која од јули оваа година ќе го прогласи биткоин за законско платежно средство, а слично се очекува и од Русија.
Една од причините поради кои цената на биткоин се зголеми оваа година, е што не е под влијание на државните власти. Биткоин се следи преку јавниот онлајн запис познат како Block chain. Конечниот број на биткоин може да биде произведен преку процес наречен рударење, а всушност претставува решавање на комплексни математички проблеми. Една од најголемите привлечности на овој начин на тргување е во тоа што и покрај тоа што евиденцијата на трансакцијата е јавна, корисниците кои ја вршат трансакцијата остануваат анонимни.