Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Матурските забави се настан на кој сите тинејџерки и тинејџери сакаат да блеснат во најдобро издание, но некои навистина и се трудат и вложуваат големи финансии во тоа.
Една од нив е 16-годишната Фејт Тигпен од Мисисипи, која на матурската забава носеше 2.000 долари вреден комбинезон од дизајнерката Ејнџел Бринкс, модна комбинација која вклучува и маска за лицето.
Инспирација за дизајнот за матурското издание оваа тинејџерка нашла во фустаните кои сестрите Кардашијан и Џенер ги носеа на прославата од 60-от роденден на Крис Џенер, која беше во стилот на Големиот Гетсби.
„Ме инспирираа Кардашијанки. Тема на матурската забава исто така беше Големиот Гетсби, а мама и јас видовме фотки од нивната забава и вендаш се инспириравме од нив“, вели таа за Yahoo.
Комбинезонот кој го носеше беше делумно проѕирен и обложен со циркони, а го изработи ѕвездата од шоут „Жените на кошаркарите“, Ејнџел Бринкс. Откако Фејт објави фотки од својот моден изглед на Инстаграм, тие предизвикаа големо внимание на оваа социјална мрежа.