Бесниот Мурињо ги нападна судиите и Клоп


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо беше исклучително незадоволен од судењето на синоќешниот меч против Хал во Премиер лигата.

Во текот на мечот Мурињо неколку пати му се жалеше на четвртиот судија за арбитражата, а овој го опоменал дека доколку не седне на клупата ќе биде испратен на трибините.

„Не сакам да зборувам бидејќи плаќам многу казни. Плаќам повеќе од другите. На пример, вчера четвртиот судија му кажа на еден менаџер дека му се допаѓаат неговите емоции и нема да има пријава против него. Мене ми велат да седам или ќе ме пратат на трибина. Правилата за мене се различни“, изјави Мурињо јасно алудирајќи на Јирген Клоп.

„Не ми поставувајте прашања кои не можам да ги одговорам. Многу добро знаете дека јас сум поинаков, правилата за мене се поразлични. Поинаков сум во се, го гледав мојот тим како игра од хотел, не ми беше дозволено да одам на стадионот, мојот асистент имаше суспензија од шест натпревари а не допре никој. Не постигнавме гол, не победивме. Многу од случувањата на теренот вечерва беа како дежа ву“, додаде Португалецот.