Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лада Нива веројатно е најпопуларниот руски автомобил на сите времиња, но и еден од најдолговечните кој опстојал на светскиот пазар.
Робустниот теренец без прекин се произведува од 1970-те години, а во меѓувреме доби и речиси незабележливи естетски модификаци, благо модернизирање на ентериерот и во неколку фази подобруван бензиски мотор.
Лада ја сакаат и Германците
Оваа година овој теренец доби нешто „поиспеглана“ Урбан верзија, а пролетоска беше лансирана и специјалната изведба по повод 40-от роденден на моделот. Да, Нива цели 40 години е на пазарот, а релативно е успешен и надвор од матичната земја.
Така, на пример, застапникот Avtovaza во Германија, својот асортиман го шири со нови изведби. Поради интересот и побарувачката на пазарот, понудата е збогатена со модел со пет врати, и тоа во обично и луксузно Урбан издание.
Лада 4х4 Урбан 5-Тирер во Германија чини 14.290 евра, додека „ненашминканата“ верзија чини 12.990 евра. Нива каква што ја знаеме ние тука, моделот со три врати, има почетна цена од 10.990 евра. Нива, односно 4х4 како што сега се вика, во Русија чини 7.500 евра.
Според официјалните податоци нејзиниот 1.7 бензиски мотор сега испорачува 83 КС и 129 Nm, со што од 0 до 100 км/час развива за 19 секунди и забрзува до максимални 137 км/час. Просечната потрошувачка е 9,5 л/100 км. Во понудата на германскиот застапник се уште и Калина, Гранта и Веста, а почетната цена во понудата од Лада за 14 различни верзии е само 7.460 евра.
Конкретните бројки велат дека во Германија, за десет месеци во 2017 година, се продадени 2.188 Лада автомобили, што е скок од дури 59% во однос на минатата година.
Руската автомобилска индустрија е жива
Да, до неодамна многумина се смееја на производството на руската автомобилска индустрија, не знаејќи дека притоа можеби и се возат во нивни автомобили. Од руските фабрички погони доаѓаат многу познати модеи, а дел од нив одат во извоз.
За неполна една година руската автомобилска индустрија извезе околу 37.000 возила, што е скок за 34,8% во однос на минатата година. Според податоците на Avtostat, најмногу автомобили има извезено Шкода, и тоа моделот Јети, кој се произведува во фабриките од ГАЗ. На второ место е Лада со 9.400 извезени автомобили, а трет е Рено со испорачани 3.400 автомобили.
Најмногу извезени автомобили во Чешка, Украина и Летонија
Да кажеме и дека моделите Граната и Веста од Лада влегоа на листата од 80 најпродавани автомобили во Европа. Граната се наоѓа на 60-то место, помеѓу Шкода Суперб и Ауди А6, а е продадена во речиси 77.000 примероци за десет месеци во оваа година на изминување. Поскапата Веста во исто време е продадена во околу 62.000 примероци, што беше доволно за 76-то место, помеѓу Фиат 500Л и Форд Ескорт.