Бесмртниот Роналдо наполи 33


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најголемите фудбалери во историјата – Кристиано Роналдо денес полни 33 години!

На 5-ти февруари 1985 година во португалскиот град Фуншал се роди Кристиано Роналдо дос Сантос Авеиро. Израсна во скромно семејство, па од најраното детство осознава дека треба да се бори многу за да постигне нешто.

Помеѓу сите негови исклучителни фудбалски квалитети најсилна улога за неговиот развој игра неговата силна амбиција за успех.

На 12 години заминува за Лисабон и сам си го трасира патоткон славата. Многу брзо беше забележан од генијалниот Алекс Фергусон и прави „скок“ од Спортинг во Манчестер Јунајтед. За многумина тој чекор е премногу голем и премногу избрзан. Не и за Кристиано. Тој на „Олд Трафорд“ брзо почнува да гради име со своите феноменални фудбаски квалитети.

Откако ја освои „Златната топка“ и трофејот во Лигата на шампиони, се решава на нов предизвик, да заигра за најславниот клуб на светот – Реал Мадрид. Од 2009 година Роналдо соборува рекорд по рекорд во „кралскиот“ дрес. Три пати ја освојува Лигата на шампиони во Реал помеѓу 2014 и 2017 година. Меѓутоа, најголемиот успех без сомнеж му е освојувањето на Европското првенство со својата Португалија во 2016 година.

Роналдо стигнува до рекордните пет „Златни топки“ и му докажа на критичарите дека е достоен ривал на Лео Меси. Силно сакан и силно омразен, Кристиано секогаш покажувал карактер и се извлекол од најтешките ситуации, за да покаже колку е голем борец.

На 33 тој веќе има постигнато се, но сака уште, и уште, и уште!

33!??Thank you all for your birthday messages

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on