Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Доколку се пронаоѓате во следните ситуации, размислете дали вашиот брак е во криза.
Повремените расправии во бракот се нормална работа. Меѓутоа, што да правите кога несогласувањата прераснат во секојдневни проблеми и решение едноставно нема?
Бескрајна битка околу истите работи
Веќе знаете што ќе биде „камен на расправија“ во комуникацијата, постојано имате несогласувања поради истите работи, а знаете дека апсолутно со тоа ништо нема да постигнете. Проблемите се тука да се решаваат, а не да се провлекуваат низ секојдневниот живот. Исто така, припазете како се однесувате кога расправијата ќе ескалира. Навредување, психичко и вербално малтретирање не е пожелно, без оглед на тоа колку не се согласувате.
Немате веќе заеднички теми
Некогаш не можевте да престанете да зборувате за најбаналните работи, а сега веќе немате за што да разговарате? А ниту потребата еден на друг нешто да кажете? Разговорот е нешто што никогаш не би смеело да исчезне помеѓу двајца кои се сакаат и живеат заедно.
Меѓусебно осудување
Се чувствувате како едвај да чекате партнерот нешто да погреши и тоа да му го „извадите низ нос“? Честото осудување предизвикува незадоволство, фрустрации и стравови. Престанете да ги анализирате сите детали и да барате лошо во се. Секој човек има недостатоци, а брачниот партнер е тој кој недостатоците знае да ги прифати.
Страста и љубовта исчезнаа
Станавме како брат и сестра, е реченица која со години ја усвојуваат многу парови. Иако е неминовно страста со времето да се намали, таа се претвора во почит и искрена љубов. Ако емоциите и натаму постојат, таа страст може да оживее. Во спротивно, бракот без љубов и меѓусебна почит има малку шанси да опстане.