Беше секс симбол на ’80-те: Еве како изгледа и што прави денес Настасја Кински


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Настасја Кински беше секс симбол на осумдесеттите години од минатиот век и една од најубавите и најангажирани актерки во Европа. Убавата Германка рано влезе во светот на моделингот, а подоцна и глумата, и беше сон на речиси секој маж во Германија.

Во текот на кариерата одигра улоги во повеќе од 60 филма, а улогата во филмот Tess од Роман Полански, во кој ги покажа градите, ја круниса со епитетот секс симбол, но и ги иницираше трачевите дека била во врска со познатиот режисер и тоа уште во периодот додека била малолетна.

Денес има 56 години и понатаму глуми, но ретко без повод се појавува во јавност. Во 2013 година јавно призна дека нејзиниот татко, култниот актер Клаус Кински, сексуално ја злоупотребувал како девојче – изјава со која го шокираше цел свет.

„Секогаш премногу ме допираше, ме прегрнуваше толку цврсто што мислев дека не можам да побегнам. Во тоа време имав четири или пет години и живеевме во Минхен. Инстинктивно препознав дека тоа не е татковска прегратка, туку нешто повеќе од тоа“, изјави во интервјуто и додаде дека воопшто не почувствувала тага и жал кога чула дека нејзиниот татко починал.

Кински ја изненади цела светска јавност кога во 2012 година се појави во Кан со Роман Полански, на премиерата на римејкот од филмот кој ја прослави и многумина во тоа појавување најдоа потврда за муабетот кој ја следеше во текот на целата нејзина кариера – дека на 15 години била во врска со 43-годишниот маж.

Настасја денес сè повеќе глуми во холивудски филмови, а последниот, Sugar, го сними во 2013 година.