Спорт

Беше најавуван како новата „Златна топка“, но доживеа „крах“

Минатата година Ренато Санчез беше избран за „Златно момче“, односно најдобар млад игра во Европа.

20-годишниот Португалец навистина брилјираше пред да пристигне во Баерн Минхен, а оваа престижна титула ја освои во конкуренција на Квински Колан и Маркус Рашворд.

Сите му предвидуваа блескава кариера, а со освојување на оваа награда застана рамо до рамо со фудбалери како Серхио Агуеро, Цеск Фабрегас, Лео Меси, Пол Погба...кои претходните години беа избирани за „Голден Бој“.

Сепак, неговата кариера тргна надолу со голема брзина откако пристига во Минхен, каде ја грееше клупата, а често беше испраќан и на трибини.

Минатото лето беше на мета на бројни европски клубови, но заврши во Свонси, а многумина сметаа дека Премиер лигата е идеално место за да ја врати формата.

Меѓутоа, после само неколку месеци е јасно дека позади Санчез е уште една поприлично очајна епизода. Младиот играч за врска не покажа ништо, па јасно е дека набрзо ќе се врати на „Алијанц Арена“.

Англиските медиуми пренесуваат дека раководството на Свонси се одлучило на радикален порег – да го раскинат договорот за позајмица уште во јануари.

Потсетуваме, во 2016 година Ренато Санчез пристигна во Баерн за 50 милиони евра и беше најавуван како „новата голема европска ѕвезда“.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top