Беше модел и холивудска заводничка, денес е бездомничка која проси на улица


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бившата сопруга на ѕвездата од „Baywatch“, Џереми Џексон, од русокоса заводничка од насловните страни, се претвори во непрепознатлива питачка која живее на улиците од Лос Анџелес.

Лони Вилсон од милионерка спадна на питачки стап, а со зависноста од дрога се бори со години. Додека беше во врска со Џексон, беше тивка болка за голем број мажи во Холивуд и често ги красеше престижните насловни страни од славните списанија.

Во американските медиуми протекоа фотографии од непрепознатливата Лони која копа по ѓубрето во Лос Анџелес. Новинарите кои разговараа со неа велат дека го изгубила разумот и дека не сака да се тушира бидејќи смета дека со тоа ќе се заштити од силување.

Откако фотките протекоа во јавност, неколкумина нејзини бивши пријатели иницираа акција за да ја тргнат од улица, но тоа заврши без успех. Лони, наводно, само се истуширала и се јадела во хотелот кој го обезбедиле за неа и повторно се вратила на улица. Во разговор за Daily Mail, признала дека тоа за неа бил прво туширање после една година.

„Намерно не се капев. Улиците се опасни, не сакам некој да ме силува“, вели Лони.

„На улциа во Лос Анџелес живеам добро, богат град е, луѓето фрлаат сешто и лесно можам да најдам храна во ѓубрето. Луѓето ми даваат и пари, некои и по 20 долари, некој и 40 долари, и тоа ми е доволно“, вели Лони и додава дека има многу богати и влијателни пријатели со кои не сака да одржува контакт бидејќи се чудни.

Животот на Лони тргнал надолу откако во 2014 година се разведе, после што нејзината зависност од дрога прогресираше и заради тоа ја загуби и работата.