Беше член на златната генерација на Јунајтед, репрезентативец, а сега е католички свештеник (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Животната приказна на Филип Марлајн, поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед овие денови ги наполни насловните страни на англиските медиуми. Поранешниот репрезентативец на Северна Ирска неодамна стана калуѓер.

Марлајн беше член на златната генерација на Манчестер Јунајтед предводена од Алекс Фергусон. Во периодот од 1996 до 1999 година ја делеше соблекувалната со фудбалски легенди како Дејвид Бекам, Рајан Гигс, Пол Сколс, Питер Шмајхел.

Во таква конкуренција стигна да одигра само еден натпревар за првиот тим, а квалитетот го покажа во Норвич каде што одигра 160 натпревари и постигнал18 гола. Играше уште и за Кардиф, Лејтон и Кинг Лин каде што во 2008 година ја завршил кариерата, а за репрезентацијата на Северна Ирска запиша 27 настапи.

Марлајн како и поголемиот дел од фудбалерите заработувал многу, возел скапи автомобили, имал сè што ќе посака, а по завршувањето на кариерата запишува студии по теологија.
Неодамна реши да направи радикален чекор во животот, стана свештеник.

„Во почетокот на кариерата уживав во сето тоа, пари, жени, скапи автомобили. Купував по три-четири автомобили годишно. Но во доцните 20-ти години од животот станав незадоволен. Целта сега ми е поинаква од онаа што ја имав додека бев фудбалер. Тогаш бев во потрага по победите, а сега сум во потрага по Бог“, изјави 39-годишниот Марлајн за англиските медиуми.