БЕСА цврсти до крај: Или исполнување на барањата – или нема „ЗА“ за уставните измени


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Опозициското политичко движење БЕСА цврсто стои на својот став дека ако владејачката коалиција не ги прифати нивните барања при корекцијата на уставот, нема да гласаат позитивно за уставните измени со кои треба да се имплементира Преспанскиот договор. Тоа го потврдија и нивните претставници при гостување во медиумите.

Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 Билал Касами кажа дека од Беса нема зелено светло ако не се исполнат нивните барања.

Двете барања кои ги поставува опонентот на СДСМ се да нема македонско државјанство кај албанците и да нема заштита само за македонската дијаспора, туку заштита на дијаспората на Македонија.

Засега е неизвесно колку премиерот ќе се осмели да ги прифати овие барања ако од друга страна знае дека ќе ризикува и ќе може да ги изгуби гласовите од исклучените пратеници кои делуваат како независни.

Во 13 часот почнува седницата која вчера беше одложена по говорот на премиерот.

ВМРО ДПМНЕ нема да биде дел од истата, според најавите на пратениците од партијата на Христијан Мицкоски.