Берлускони: Само капарот уплатен за Милан е поголем од сумата за цел Интер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синот на Силвио Берлускони, Пјер Силвио брутално одговори на критиките за одложувањето на продажбата на фудбалскиот клуб Милан.

Имено кинескиот конзорциум „Суно Јуроп“ веќе неколку месеци е во преговори за купување на Милан и уплати капар од 300 милиони евра во три транши, а конечното превземање на клубот е закажано за средината на април.

Кинезите требаше да ја комплетираат продажбата на 1-ви март, но таа се оддолжи и внесоја трета транша на капар од 100 милиони евра.

Тоа наиде на големи критики од медиумите и јавноста, особено поради фактот што компанијата „Сунинг“ за само два-три месеци преговори го купи Интер.

„Само капарот кој е платен за Милан ја надмина целата сума за која беше купен Интер“, брутално одговори Пјер Силвио Берлускони.

„Станува збор за зделка од скоро една милијарда евра и оваа временска рамка е нормална. Притоа Интер оваа сезона вложи 150 милиони евра во засилувања, а не гледам голема разлика на табелата меѓу ’нероаѕурите’ и Милан“, додаде синот на Берускони.

Копанијата „Сунинг“ за да превземе 70% од акциите на Интер плати 273 милиони евра, додека конзорциумот „Сино Јуроп“ за 100% од Милан ќе треба да плати 750 милиони евра, плус да го подмири долгот кој изнесува 220 милиони евра.