Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синоќа Силвио Берлускони го имаше своето последно дерби како сопственик на Милан, а фановите со кореографија го испратија славниот и трофеен претседател.
Сепак, Берлускони кој е познат по тоа што се меша во работата на тренерите, не пропушти да истакне дека Монтела не ги слуша неговите совети кога е формацијата во прашање.
„Му честитам на Монтела за работата, но имаме различни гледања за тактиката. Уверен сум дека тактиката која му овозможи на Милан да биде најуспешен тим во изминатите 30 години е таа со два напаѓачи и ’треквартиста’. Инсистирав Монтела да игра со таа тактика во нападот, а не со два крилни офанзивни играчи“, изјави Берлускони.
Берлускони потврди дека копопродажбата на клубот ќе биде комплетирана на 13-ти декември и дека тој најверојатно ќе остане како почесен претседател.
„Продажбата ќе биде комплетирана на 13-ти декември тоа е веќе завршена работа. Кинеските сопственици инсистираат јас да бидам почесен претседател. Сепак, за да се согласам ќе мора да имам право на одлуки и ќе инсистирам Галиани да остане во Милан“, истакна „Ил Кавалиере“.